Александар Урдаревски
Како дел од вело турнејата тимот на Вело Училишта реализираше едукативна, вело работилница на тема велосипедизам во ООУ “Александар Урдаревски“ – Чучер Сандево.
За време на работилницата се работеа вежбите „М проверка“ на велосипед, вежба „цик цак“, минување меѓу конуси, менување на гума и бавна трка.
Учениците беа премногу задоволни од изведените, велосипедски вежби и учествуваа во велосипедски натпревар. Најдобрите тројца добиаа и награди!






