Вело активности

Учениците од V одд. од нашето училиште под менторство на наставничката по техничко образование Лидија Петрова реализираа активности во рамки на програмата Вело Училишта. Најпрво се запознаа со деловите од велосипедот и нивната функционалност, решаваа повеќенасочници со зборови кои означуваат велосипедски делови. Активностите продолжија со учење и меморирање на употребата на рачни сигнали, а потоа и нивно вежбање со цел примена во секојдневието.

Општи Информации