Вело Родео 2020

Здружението Еко Логик од Скопје во соработка со општина Демир Капија и нашето училиште а во рамките на програмата „Вело Училишта‘‘, во Демир Капија го организраше настанот Вело Родео. Главна цел на Вело Родео настанот беше преку игра, забава и едукација, учениците да ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед како баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање. Овој настан се спроведе како дел од кампањата за одбележување на Европската недела на мобилноста и на истиот учествуваа стотина ученици од нашето училиште. Учесниците имаа можност да ги унапредат сопствените велосипедски вештини преку полигонско возење со препреки, возење во круг, возење по даски и препреки и да учат за баланс, моторика, како и за сообраќајните знаци и основните правила во сообраќајот за безбедно учество во истиот. Имаше и низа забавни игри поврзани со велосипедизмот, а беше организирана и мини ликовна колонија.

Општи Информации