Европска недела на мобилност во ООУ„ Кирил и Методиј “ Свети Николе.🚴‍♂️🚴‍♀️🚴‍♀️

Европска недела на мобилност во ООУ„ Кирил и Методиј “ Свети Николе.🚴‍♂️🚴‍♀️🚴‍♀️
Учениците беа доста активни деновиве. Возеа велосипеди на училишниот сообраќаен полигон, совладуваа препреки, учеа за сообраќајни правила, безбедно возење велосипед и развиваа вештини.💪💪💪
На часовите реализираа повеќе вежби на теми поврзани со велосипедизам.
Во вежбата „велосипедски делови“ учениците беа поделени во 2 групи и имаа за задача да го решат осумнасочникот, односно да ги пронајдат зборовите кои претставуваат велосипедски делови. Секоја група решаваше два осумнасочника-еден со 10 зборови и друг со 20 зборови кои претставуваат делови на велосипед.
Учениците успешно се справија со оваа активност и низ игра и разговор научија нови зборови и сите
деловите на велосипедот.😀
Во вежбата „ЦИКЛОЛАЖ“ ,учениците беа поделени во тимови и имаа за задача да состават велосипед. Секој тим доби различни делови за различни велосипеди и заедно составија велосипед, користејки ја својата креативност и имагинација. Реализирајки ја оваа активност, учениците се запознаа со различните видови на велосипеди и со нивните делови.
———————————————————————————–
Вело Родео е дел од проектот „Вело Училишта“, проект поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Општи Информации