#СпортувајЗаЗдравје
„Во здраво тело здрав дух“ е максима која никогаш нема да излезе од мода, токму заради тоа што е точна. А здравото тело се одржува со грижа за себе и со континуирана физичка активност.
По повод 10ти мај – Светскиот ден на физичката активност ученици од нашето училиште возеа велосипеди и тротинети на училишниот сообраќаен полигон, а имаа и редовно организирано пешачење на пешачката патека до локалитетот Била Зора.
Редовната физичка активност, како што се пешачењето, возењето велосипед, тротинет, ролери или танцувањетo, не само што ве прави да се чувствувате добро, туку има и значајни придобивки за здравјето. Физичката активност го намалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот и некои видови на рак, помага во контролата на тежината и придонесува за ментална благосостојба. Учество во физичката активност ги зголемува можностите за дружење и чувство на припадност во заедницата.
🏃♂️🏃♀️🚴♂️🚴♀️⛹♂️⛹♀️🤸♂️🤼♂️🤽♂️🤽♀️🤾♂️🤾♀️
#СпортувајЗаЗдравје
„Во здраво тело здрав дух“
„Во здраво тело здрав дух“ е максима која никогаш нема да излезе од мода, токму заради тоа што е точна. А здравото тело се одржува со грижа за себе и со континуирана физичка активност.


