За Нас

Учениците од II 3 одд. од “ООУ Ѓорѓија Пулевски” о.Аеродром-Скопје заедно со своите наставнички Зорица и Ана успешно ги реализираа Вело активностите.Најпрво учениците се запознаа со основните информации за темата велосипедизам, еволуцијата на велосипедите и видови велосипеди.Понатаму учениците подобро се запознаа со велосипедските делови и реализираа неколку интересни активности адаптирани на нивната возраст.

Учениците со огромно задоволство и заинтересираност се вклучија во сите активности.

Учениците од II-3 одд. при  ООУ “Ѓорѓија Пулевски”-Скопје заедно со своите наставнички имаа интересен Вело ден и реализираа интересни Вело активности.Започнавме со Бавна трка се со цел вежбање и усовршување на балансот и моториката при возење на велосипед,потоа имавме лесен велосипедски  полигон. На крај учениците возеа на полигонот во нашиот училишен двор и покажаа дека добро ги познаваат сообраќајните правила и прописи како директни учесници во сообраќајот.

Одделенски наставнички

Зорица Гоговска

м-р Ана Петровска

Наставник по физичко и здравствено образование

Катерина Капсималева Контески