За Нас
Активности во рамките на Вело училиште.Велосипедот некогаш и денес, низ историјата. Компарација на велоспидетите низ историјата и денес. Ученици од V б одд. при ООУ,,Елпида Караманди,, Битола. Наставник, Гордана Угриновска









Активности по повод 22 септември – Меѓународниот ден без автомобили
1.Активност бр.1 реализирана со ученици од прво одделение: учиме да цртаме велосипед и од најмали нозе ги учиме основните деловите на велосипедот. Ментор и одговорен наставник ГОРДАНА УГРИНОВСКА.
2.Активност бр. 2 реализирана со ученици од петто одделение: ги учиме сообраќајните знаци, нивната поделба и по групи како и значењето, детално го проучуваме секој знак и даваме конкретни примери каде сме го виделе и каде најповеќе се поставува. Ученици членови на УСЕ (Училишна сообраќајна единица) испратија порака преку поделба на флаери до своите соученици со цел подигнување на свеста за почесто користење на велосипедот. Ментор и одговорен наставник: ИГОР СТОЈАНОВ.
3.Активност бр.3 реализирана со ученици од шесто одделение: велосипедско дефиле од училиштето од Градскиот парк, учениците претходно ги повторија рачните сигнали, прописите и правилата за учество во сообраќајот со велосипед како и ги направија основните проверки за безбеден и технички исправен велосипед. Ментор и одговорен наставник: МИХАЈЛО СТАВРЕВСКИ
Гордана Угриновска активност со 25 ученици, Игор Стојанов 71 ученик ( 3 класа), Михајло Ставревски 18 ученици.

