За Нас

Учениците од IV одделение, при ООУ “Гоце Делчев“- Битола, под менторство на наставничката Љуљета Керими реализираа активност- Видови велосипеди. Активноста потикна голем интерес кај учениците.

.

Поради состојбата со мерките за Ковид-19, учениците преку настава на далечина изработија Powerpoint презентации за видови велосипеди, занимливости за познати личности низ историјата кои возеле велосипеди или на некој начин допринесле за поголемо користење на велосипедите како рекреативна активност, одговараа квиз прашања и нацртаа цртежи по сеќавање за изгледот на велосипедот, индивидуално како задача од наставникот по случаен избор на вид на велоспед.

Елена Поповска aa

наставник во ООУ „Гоце Делчев“ – Битола

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ на Европска недела на мобилност

Во ООУ „Гоце Делчев“-Битола се реализираа неколку активности со цел да се одбележи Европската недела на мобилност.

  • Работилница за изработка на презентации и флаер за поттикнување на свеста за велосипедизмот и безбедност во сообраќајот
    • Истражување-велосипедизам и придобивки
    • Спортски -влијание на физичкиот развој на младите
    • Здрави навики
    • Подобра животна средина
    • Среќни ученици, Забавна, Авантуристички дух
  • Презентирање и дискусија-Придобивки од велосипедизмот: Здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај
  • На трибината: ќе учествуваат стручни лица-проф.д-р Верица Данчевска, професор на Технички факултет Битола, ученици, родители и наставници – со излагања за темата, одговарање на одредени прашања, укажување на препораки, изведување заеднички заклучоци.
  • Велосипедски тури-дружења со сите ученици-Возиме велосипед и во пандемија-прочитани и дискутирани правила на однесување во сообраќајот

Активностите ги реализираа наставниците: Виолета Костова-наставник по информатика , Салим Саљимовски- наставник по физичко и здравствено образование, Зана Амедовска- наставник по англиски јазик и Димитар Ѓоргиевски- наставник по физичко и здравствено образование.

Одбележување на Европската недела на мобилност, 16-22 Септември 2021

На ден 20.09.2021 учениците од IV-5 O.О.У.Гоце Делчев – Битола ја одбележаа европската недела на мобилност со активност за заедничко возење на велосипед на датум за одбележување и на Ден без автомобили.

Преку разговор се поттикнуваат учениците за се почесто користење на велосипедот како средство со кое ќе доаѓаат на училиште во зависност од временските услови. Однапред се договараме за датумот на кој ќе ја одржиме активноста . Ја одредуваме рутата по која ќе возат со велосипед и електрични велосипеди во околината на училиштето. Пред да започнување на возење учениците имаа низа активности и тоа :

M- проверка: Затегнатост на воланот, затегнување на седлото (соодветна положба и соодветен агол), фунција на затегнати кочници, подмачкан ланец, фунцијата на педалите, притисок на предна и задна гума.

Рачни сигнали: Учениците имаа низа активности со кој преку фотографии и демонстрација имаа можност да ги проследат и научат рачните сигнали при возење на велосипед како што се: Свртување ба лево и десно, заспанување, забавуваање, давање на предност.

Сообраќајни знаци: Учениците ги повторија сообраќајните знаци кои претходно ги знаеа како и научија нови сообраќајни знаци.