За Нас
I-6 одд од ООУ„Тодор Ангелевски“-Битола,под менторство на наставничката Гордана Георгиевска , како дел од семејството Вело Училишта, реализираше активности преку кои учениците беа мотивирани да ја искажат својата имагинација, перцепција и креативност на тема ,,Мојот велосипед““. Учениците на креативен начин низ слики го претставија својот идеален и уникатен велосипед. Преку усно изразување учениците го опишуваа велосипедот и нивната имагинативност, креативност и способност се преточи во слика. Малите рачиња многу успешно ги доловија сите идеи и желби за сопствен и уникатен велосипед.
ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД ЗА ПОЧИСТ СВЕТ
КОМУНИКАЦЈАТА Е ВАЖНА
ЗА ДА НЕМА СИТУАЦИЈА ТАЖНА
Активност – Велосипедска комуникација
Учениците од II-4 одд. при ООУ,,Тодор Ангелевски” под раководство на наставничката Драгана Шерденков преку практични примери и едукативен разговор се запознаа со начините за комуникација при возење на велосипед
Ги изработивме велосипедите од разни материјали, а потоа ги именувавме деловите на велосипедот.
Најмалите, првачињата, идните велосипедисти од I-3 одд од ООУ Тодор Ангелевски Битола со својата наставничка Весна Гагаловска редовно ги следат вело активностите. Го нацртаа својот велосипед кажувајќи ги неговите делови, ја проследија презентацијата за правилно носење кацига, давање сигнали и одма покажаа практично. Во училницата вриеше како во кошница. Секој даваше сигнали, местеше кацига, раскажуваше доживување со велосипедот.









