За Нас

На денешната работилница, по повод денот без автомобили, заедно со  ученциите решивме да реализираме кампања за подигнување на свеста кај учениците, но и наставниците на тема зголемена употреба на велосипедот со цел намалување на урбаниот хаос, аерозагадувањето и бучавата која се предизвикува од моторизираниот транпсорт. Изготвени и поделени беа различни типови на едукативни флаери, но и се покажуваа практични примери од ученици, кон ученици.

Објава и известување на реализирани активности

По повод Недела на Европска мобилност (16-22 СЕПТЕМВРИ)

Име на училиште/градинка: ООУ ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ

Датум на реализација: 16-22 Септември

OПИС НА АКТИВНОСТ

Европска недела на мобилност

16.09.2021-22.09.2022


Целта на Европската недела на мобилност претставува промовирање на алтернативната мобилност и потребата од физичка активност за здрав и продуктивен живот. Колку почесто луѓето возат велосипед, тротинет или пак одат пеш, толку повеќе ја подобруваат својата координација, рамнотежа и здравје на коските, а со тоа се намалува и ризикот од дебелина и дијабетес тип 2.

План на активности:

  • ПОНЕДЕЛНИК 20.09.2021

На одделенски час, класните раководители имаат задача да ги запознаат учениците со неделата што претстои, нејзината цел и да ги информираат учениците дека треба да дојдат на училиште со велосипед, скирол, тротинет (во што е можно поголем број). Во продолжение следат низа активности во кои активно учество треба да земат учениците како и нивните ментори.

  • ВТОРНИК 21.09.2021

Литературен конкурс на тема:

1. Велосипедот од соништата

2. Еколошки предизвици и решенија во мојата околина.

3. Јас како Еко херој.

Наставниците по Македонски јазик треба да одберат по еден ученик од секоја паралелка од 6то до 9то одделение. Нема ограничување во изборот на проза или поезија како и во должината на самите творби. Творбите од учениците ги чува наставникот и истите подоцна се испраќаат на адресата на Здружението Еко Логик” .

  • СРЕДА 22.09.2021

Ликовен конкурс на тема:

1. Велосипедот од соништата

2. Еколошки предизвици и решенија во мојата околина.

3. Јас како Еко херој.

ЧЕТВРТОК 23.09.2021

  • Работилница

Видео презентација на тема “.Историјата на велосипедотсо учениците од 4то одделение

Одговорен наставник: Јасна Каровска Абрамац

Одговорни наставници:

Јасна Каровска Абрамац

Наташа Ѓорѓиоска

Вело активности

  1. Вело меморија
  2. Точка до точка
  3. Циклолаж
  4. Велоспиедски делови
  5. Рачни сигнали
  6. Повеќенасочник

Истите беа реализирани со ученици од 1во до 5то одделение.