ВЕЛО ЧЛЕНКА

ООУ Св.Климент Охридски

За Нас

Активности од ООУ Св. Климент Охридски Драчево, општина Кисела Вода,

ментори: Билјана Јованоска, Валентина Терзиева

ВЕЛОСИПЕДСКИ ДЕЛОВИ

Оваа активност беше рализирана во петто одделение во централното училиште во ОБлешево и во петто одделение во ПУ-Кучичино

OПИС НА АКТИВНОСТ

Во оваа вежба учениците беа поделени во 2 групи од по неколку ученика и имаа за задача да го решат осумнасочникот, односно да ги пронајдат зборовите кои претставуваат велосипедски делови. Секоја група решаваше два осумнасочника-еден со 10 зборови и друг со 20 зборови кои претствува делови на велосипед. Учениците успешно се справија со оваа активност и низ игра и разговор ги учеа деловите на велосипедот.

 

OПИС НА АКТИВНОСТ

ВЕЛО РОДЕО

Оваа активност се реализираше со учениците од петто до девето одделение од нашето училиште. Активноста се одвиваше во училишниот двор на ОУ„Малина Попиванова„. Учествуваа вкупно 18 ученика со своите велосипеди. Учениците возеа полигон и се натпреваруваа во детски квиз. На овој начин учениците преку другарување развиваа и градеа натпреварувачки дух.

Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Вело училишта“, кој е имплементиран од здружение на граѓани- Eко Логик и финансиски подржан од Швајцарска Агенција за развој и соработка.

 

ЦИКЛОЛАЖ

Оваа активност беше рализирана во четврто одделение во централното училиште во Облешево и во ПУ-Теранци –наставници Јулка Димитрова и Емилија Митева

OПИС НА АКТИВНОСТ

Во оваа вежба учениците беа поделени во тимови и имаа за задача да состават велосипед. Секој тим доби различни делови за различни велосипеди и заедно составија велосипед, користејки ја својата креативност и имагинација. Реализирајки ја оваа активност, учениците се запознаа со различните видови на велосипеди и со нивните делови. Исто така за време на активноста се разговараше и за употребата на велосипедот како еден здрав, безбеден и алтернативен начин на превоз.

Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Вело училишта“, кој е имплементиран од здружение на граѓани- Eко Логик и финансиски подржан од Швајцарска Агенција за развој и соработка.

 

OПИС НА АКТИВНОСТ

ТОЧКА ДО ТОЧКА

Оваа активност се реализираше со учениците од прво и второ одделение од нашето училиште и наставниците Милена Ристова , Јорданчо Костадинов и Сузана Г. Јованова.

.На почеток се водеше разговор за сообраќајните средства при што особено внимание беше посветено на ВЕЛОСИПЕДОТ како соообраќајно средство и која е користа од неговото почесто употребување како сообраќајно средство. Откако ја завршија самата вежба, се водеше разговор за тоа што добиле со поврзување на точките и за тоа кои се делови на велосипедот и која е нивната намена. Преку оваа забавно едукативна активност, учениците од прво и второ одделение на интересен начин научија многу за велосипедот, неговата намена, неговите делови и за неговата употреба како еден здрав, безбеден и алтернативен начин на превоз.
Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Вело училишта“, кој е имплементиран од здружение на граѓани- Eко Логик и финансиски подржан од Швајцарска Агенција за развој и соработка.