За Нас

Основното училиште „Симче Настовски” – Вратница  е училиште со долга и богата традиција. Формирано е во далечната 1893 год.  Денешното име го добило по првоборецот од овој крај Симче Настовски, кој го дал својот млад живот во 1943 год.  за слободата на Македонија, на 18-годишна возраст.

„Симче Настовски“ се наоѓа во тетовскиот регион во Општина Јегуновце. Училиштето е централно со пет подрачни училишта и е сместено е  во пазувите на Шар Планина, а над него високо се издига врвот Љуботен. Привилегија на училиштето е што работи во една здрава и чиста еколошка средина. Подрачјето е богато со шуми, пасишта, езерца, и е развиено земјоделството, а индустријата стагнира.

Централното училиште се наоѓа во с. Вратница  каде се образуваат и воспитуваат ученици од I-IX одд. на македонски наставен јазик.

Од 1981 год. се воспитуваат и образуваат деца со лесни пречки во психичкиот развој во посебни паралелки.

Денес располага со кабинети опремени со компјутери и современи наставни средства, библиотека со читална, игралишта, парк, кујна и трпезарија.

Во состав на училиштето влегуваат пет подрачни училишта во селата: Рогачево, Старо Село – каде се изведува настава на македонски наставен јазик и Јажинце, Орашје и Долно Орашје – каде се изведува настава на албански наставен јазик. Сите подрачни училишта се петгодишни, освен ПУ с. Јажинце кое е деветгодишно.

Симче Настовски-ПОУ Јажинце

Беа реализирани повеќе типови на различни активности односно:

– Учиме за велосипед и какви видови велосипеди постојат

– Oсумнасочник

– Користење на рачни сигнали

– Точка до точка

– „Циклолаж“

Објава на реализирани активности

во рамки намрежата: „Вело училишта“

Училиште: ООУ – Симче Настовски- Вратница

Датум: 27.11.2019 г.

OПИС НА АКТИВНОСТ

Цел:

-Подобро запознавање со велосипедот и деловите кој ги поседува.

Учениците беа поделени во два пара. Секој пар прво го решаваше осумнасочникот со 10 зборови. Откако беа пронајдени сите 10 зборови учениците имаа можност да се запознаат подобро со деловите на велосипедот. Потоа следеше пополнување на осумнасочник со 20 зборови и учениците успешно ги пронајдоа и овие зборови, а со тоа го збогатија своето знаење за деловите од велосипедот.

Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Вело училишта“, кој е имплементиран од здружение на граѓани- Eко Логики финансиски подржан од Швајцарска Агенција за развој и соработка.

Објава на реализирани активности

во рамки на мрежата: „Вело училишта“

Училиште: ООУ„Симче Настовски“ Вратница

Датум: 4.12.2019 год.

OПИС НА АКТИВНОСТ

Учиме за велосипед и какви видови велосипеди постојат“

Учениците беа поделени во парови . Еден од учениците ја држеше сликата и со зборови ја опишуваше, а другиот ученик црташе велосипед без да ја погледне сликата, односнo без да гледа на описот на другиот.

Учениците успешно ја извршија активноста и научија какви велосипеди има.

Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Вело училишта“, кој е имплементиран од здружение на граѓани- Eко Логик и финансиски подржан од Швајцарска Агенција за развој и соработка.

Објава на реализирани активности

во рамки на мрежата: „Вело училишта“

Училиште: ООУ„Симче Настовски“ Вратница

Датум:11.12.2019 год.

OПИС НА АКТИВНОСТ

Циклолаж“

Учениците беа поделени во парови и имаа задача да состават велосипед. Секој пар доби плик со различни делови за велосипед и тие составија велосипед користејќи ја својата имагинација.

Учениците успешно ја извршија активноста, се запознаа со велосипедот и неговите делови и какви видови на велосипеди постојат.

Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Вело училишта“, кој е имплементиран од здружение на граѓани- Eко Логик и финансиски подржан од Швајцарска Агенција за развој и соработка.

Објава на реализирани активности

во рамки на мрежата: „Вело училишта“

Училиште: ООУ„Симче Настовски“ Вратница

Датум:11.12.2019 год.

OПИС НА АКТИВНОСТ

ТОЧКА ДО ТОЧКА“

Секој ученик доби по еден лист каде требаше да ги поврзат точките по редослед.

Учениците успешно ја извршија активноста, ги поврзаја точките и добија целосна слика од велосипедот, а со тоа подобро се запознаа со велосипедот и неговите делови.

Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Вело училишта“, кој е имплементиран од здружение на граѓани- Eко Логик и финансиски подржан од Швајцарска Агенција за развој и соработка.

Објава на реализирани активности

во рамки на мрежата: „Вело училишта“

Училиште: ООУ„Симче Настовски“ Вратница

Датум:11.12.2019 год.

OПИС НА АКТИВНОСТ

Користење на рачни сигнали“

Секој ученик доби по една работна верзија од вежбата каде што целта беше да се опишат сигналите дадени на фотографијата.

Учениците успешно ја извршија активноста ги научија правилата за комуникација при возење на велосипед во сообраќај.

Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Вело училишта“, кој е имплементиран од здружение на граѓани- Eко Логик и финансиски подржан од Швајцарска Агенција за развој и соработка.

Учиме за велосипедот како одлична алатка за транспорт, рекреација, и зачувување на животната средина, дизајнираме наши рути, замислуваме вело авантури