За Нас

OOУ “Петар Поп Арсов“ активно ги спроведува сите активности во рамки на програмата Вело Училишта и безрезервно ја интегрираат тамата велосипедизам кај сите ученици.

Под менторство на наставничката Славица Несторовска Демјанска, беа презентирани потребните рачни сигнали кои треба да ги познаваат учениците при возење на велосипед, како и беше реализирана ликовна работилница на тема велосипедизам.

 

Приказната за Вело продолжува, дури и во услови на он лине наставата.Наставничката Александра Кузмановска заедно со своите ученици успешно ги интегрираше вело знаењета на часот по англискиот јазик.

Европска недела на мобилност 2019 во ООУ„Петар Поп Арсов “ , Скопје.

Учениците од нашето училиште деновиве беа доста активни . На часовите реализираа повеќе вежби на теми поврзани со велосипед.

Во вежбата „ЦИКЛОЛАЖ“ ,учениците беа поделени во тимови и имаа за задача да состават велосипед. Секој тим доби различни делови за различни велосипеди и заедно составија велосипед, користејки ја својата креативност и имагинација. Реализирајки ја оваа активност, учениците се запознаа со различните видови на велосипеди .

Во спроведените активности учествуваа ученици од прво,второ и трето одделение,и учениците од шесто до деветто одделение под менторство на наставниците Oлгица Бајалџиева, Александра Кузмановска, Славица Несторовска Дамјанска,ЈанaПерковска,Ана Гарванлиева,Пепи Стефановска,Мимоза Драгутиновска,Биљана Петрова,Атина Младеновска,Анета Влаховиќ,Ивана Крстовска,Рената Брезовска,Гордана Мисајловска и Нада Анчевска.