За Нас

ООУ Гоце ДелчевНеготино.

Нашето училиште, на задоволство на учениците, активно е вклучено во поддршка и реализација на активностите за промоција на велосипедизмот како најефтин, најбезбеден и најздрав начин на транспорт. Учениците уживаат во реализирањето на активностите преку кои ја изразуваат својата креативност и имагинација. Ви испраќаме фотографии од активноститеМојот велосипедиВелосипедски делови“, но овде не застануваме. Продолжуваме и понатаму да се забавуваме учејќи за велосипедизмот.

Наставници кои се вклучени во реализација на активностите се: Сузана Малчеваодд. раководител на 2в одд. Велика Вељановаодд. раководител на 2б одд. Валентина Ѓорчеваодд. раководител на 2а одд. и Орданчо Ристоводд. раководител на 1б одд. Ви се заблагодаруваме на трудот што го вложувате во изработка на активностите и со радост очекуваме нови. Поздрав од ООУ Гоце Делчев Неготино

Скоро секое дете е запознаено со концептот и формата на велосипедите, меѓутоа запознаеноста со велосипедските делови дозволува основна проверка, со цел да биде велосипедот безбеден и сигурен, како и секое патување со велосипед биде безбедно, удобно и забавно.

Со оваа активност преку визуелен метод и практично учење, децата имаа можност брзо, лесно и едноставно да ја совладаат М-велосипедската проверка, како и нејзина практична примена.