За Нас
Видови велосипеди
https://veloschools.mk/vidovi-velosipedi/
*вклучени одделенија: VII-2
*дата на изведба на активностите: 15.2.2021
*Наставник-ментор на активноста: Наташа Неданоска
Од понудените фотографии на различни видови велосипеди кои се дадени во прилог на работилницата, по случаен избор им се поделија на сите ученици и секој имаше за задача да го обои по сопствена желба.







Велосипедска облека
https://veloschools.mk/velosipedska-obleka/
*вклучени одделенија: VI-1 и VI-2
*дата на изведба на активностите: 21.12.2021
*Наставник-ментор на активноста: Наташа Неданоска
Најнапред се изгледа видеото кое е дадено во прилог во објаснение на активноста, со второ прегледување и застанување на секое правило за возење кое учениците детално го прокоментираа, за кои даваа и свои примери, а потоа на учениците им се поделија темплејтите со осумнасочници во кои треба да пронајдат зборови од велосипедска облека и креативна работилница за облекување на нивните хартиени вело-другари Александар и Сандра.



Историја/ еволуција на велосипедизмот
https://veloschools.mk/istorija-evolucija-na-velosipedot/
*вклучени одделенија: VI-1 и VI-2
*дата на изведба на активностите: 2.12.2021
*Наставник-ментор на активноста: Наташа Неданоска
Откако им беа емитувани сите три видеа за еволуцијата на велосипедизмот:
https://www.youtube.com/watch?v=rNbUS6R64Fk
https://www.youtube.com/watch?v=IHAbisv5m8U
https://www.youtube.com/watch?v=E-U02-RWUPc
…учениците уживаа додека траеше активноста- дискутираа и се чудеа на развојот на велосипедизмот низ историјата.
Накратко им се претстави целиот циклус работилници на Вело-училишта и учениците со задоволство пристапија кон истиот. Од родителите наидовме на позитивни реакции, а сите од нив потпишаа согласности за учество на оваа активност и се согласија да бидат медиумски презентирани за потребите на овој проект.










Од денешната активност- применување во пракса правила за сигнална комуникација додека возиме индивидуално и во група
Почитувани,
денешната (овонеделната) активност ја спороведовме во дворот на нашето училиште. На Лап-топ го гледавме видеото за носење заштитна кацига, но јас им одржав и кратко предавање според дадените инструкции за важноста од заштита на главата.
Еве дел од фотографиите:
Со почит, Наташа!
Објава и известување на реализирани активности
По повод Недела на Европска мобилност (16-22 декември)
Име на училиште/градинка: ООУ „кочо Рацин“ Охрид
Датум на реализација: 20.9.2021
|
OПИС НА АКТИВНОСТ |
| Денешната активност во 19:00 часот ја нарековме „Вонреден одделенски час- Вело час“. Преку платформата Teams на часот се вклучија 10 ученика на кои им се пушти видеото за Заштита на Озонската обвивка, потоа им се прочитаа придобивките од возење велосипед со своето семејство, а истиот материјал се прати до групата на родители на истите ученици, па на крај се прочитаа активностите кои следат за одбележување на Европската недела на мобилност. Се потсетивме на сите активности во училница и надвор од неа кои ги спроведовме минатата учебна година и се договоривме на 22.9.2021 (среда) достојно да го одбележиме меѓународниот ден без автомобили доаѓајќи на училиште со велосипеди. И не само тоа, туку одредивме и велосипедска тура до дестинација блиска до училиштето. Ве известуваме со нови информации! |
| При секоја официјална објава од официјален профил на Вашата институција, Ве замолуваме да го наведете следното:
Оваа активност е реализирана во рамките на програмските активности на мрежата „Вело Училишта“ и во рамките на програмските активности на „Програма за унапредување на образованието за животна средина и климатски промени“ поддржана од УНИЦЕФ и Шведската Агенција за Меѓународна Соработка (SIDA). #велоучилишта #велосемејства @Eco-logic #животнасредина #климатскипромени #европсканеделанамобилност |
*Испратете ни ги фотографиите по пат на мејл, wetransfer, google drive, dropbox итн.
*Со испраќање на фотографии од официјални претставници на институцијата, се сложувата со нивно објавување на социјални медиуми.

