За Нас
По повод Европската недела на мобилност (16-22 септември), со цел да се сврти вниманието на јавноста за подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт, нашето училиште се вклучи со свои активности за подигање на свеста кај учениците бидејќи тие се нашата реалност, но и нашата иднина.
Во нашето училиште се спроведоа ликовна и литературна работилница, како и спортска активност –возење велосипед.
– Ликовната работилница е замислена како изработка на мозаик од природни материјали кои можат да се најдат во непосредната околина .
– Литературната работилница е во склоп на литературната секција, а изработени се хамер и лични творби на тема екологија и заштита на животната средина.
