ВЕЛО ЧЛЕНКА

ООУ Стојан Бурчевски Буридан

За Нас

 

ООУСтојан Бурчевски Буридан опфаќа широко рурално подрачје  (одалечено едно од друго населено место и до 10 км. а од градот Велес – 20 км.) кое ги прибира сите обврзници за редовно деветгодишно основно образование од населените места: с.Иванковци, с.Мамутчево, с. Кумарино, с.Сујаклари и с.Отовица.

ООУ Стојан Бурчевски-Буридан од Иванковци е модуларно училиште изградено после пожарот (15.06.2011 год). Во ова училиште настава посетуваат ученици само од населеното место Иванковци кое работи во две смени.

Подрачното училиште во с. Сојаклари ги опфаќа учениците од Сојаклари, Мамутчево и Отовица. Од сите населени места до училиштето е организиран превоз за сите ученици. Во него во моментов работи една комбинирана паралелка со 4 одделенија и 4 чисти паралелки од VI до  IX одд.Селото е одалечено 12 км.од Велес и е поврзано со асфалтен пат.

Подрачното училиште во с. Мамутчево  работи во објект изграден во 2001 година и наставата се одвива во современи услови. Во него се образуваат ученици до петто одделение во една комбинирана паралелка само од ова населено место. Подрачното училиште во Мамутчево се наоѓа во непосредна близина на магистралниот пат Велес-Штип и е оддалечено од градот 13 км.

Подрачното училиште во село Отовица ги опфаќа учениците само од тоа населено место. Истото се наоѓа во непосредна близина на езерото Младост и е одалечено од градот 10 км. Основното училиште  во Отовица од 2012 год.работи во ново модуларно училиште со современи услови за работа. Во него се школуваат ученици до петто одделение во две комбинирани паралелки